СЕКОЈА ЧЕСТ: Јане си доби автограм од Бекам

Фото: Уницеф.мк

Најпознатиот фан на македонската фудбалска репрезентација, малиот херој Јане Велковски имаше можност да се запознае и со планетарната мегаѕвезда Дејвид Бекам. Јане Велковски има свое обраќање на глобалниот самит во Обединетите нации во Њујорк и побара да се преземе акција за да се заштитат и промовираат правата на децата, во рамки на годинашниот „Светски ден на детето“.

Јане Велковски денеска е гостин во Обединетите Нации, каде одржа говор по повод Светскиот ден на детето. Ова 11-годишно момче конечно ќе го добие лекот спинраза, со кој ќе има подобар живот и ќе може да го исполни најголемиот сон, да заигра фудбал.

– Навистина сум многу возбуден, затоа што ова е огромен настан. Но истовремено сум многу среќен, затоа што ќе можам да му кажам на целиот свет дека сите се еднакви и дека луѓето со попреченост може да ги прават истите работи како и сите други. И дури и да не можат да ги прават сите работи, тоа не значи дека не треба да уживаат во животот – вели Јане.

Дејвид Бекам со задоволство му даде автограм на Јане Велковски, а тој му раскажа дека во живо го следеше мечот на неговиот некогашен клуб Манчестер Јунајтед, и тоа на покана на Пол Погба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот