Фото: EPA-EFE/YAHYA ARHAB

Секое трето дете по прележан ковид-19 има когнитивно нарушување

Когнитивните нарушувања по прележаниот ковид-19 се забележани кај речиси секое трето дете, и тоа еден до три месеци по завршувањето на болеста, изјави специјалистот по педијатрија по превентивна медицина при руското Министерство за здравство, Лејла Намазова-Баранова.

– По закрепнувањето 4 до 12 недели подоцна, меѓу другото, остануваат и когнитивните постковидни нарушувања кај децата. Станува збор за 30 отсто, односно за секое трето дете. Губењето на сетилото за мирис укажува на невротропија, што значи дека коронавирусот влијае на централниот нервен систем. Вака се однесува овој вирус. Затоа, невротропскиот ефект е нешто подолг и овие бројки воопшто не се изненадувачки – рекла Намазова-Баранова на прес-конференцијата посветена на здравјето на мајките и децата за време на пандемијата, пренесе ТАСС.

Таа додала дека според набљудувањата спроведени во текот на летото, кај многу луѓе таквите промени останале дури и по една година.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот