Сеќавање на легендарниот „Ботлмен“: На денешен ден е роден македонскиот виртуоз Зоран Маџиров
На денешен ден е роден македонскиот виртуоз и музички амбасадор Зоран Маџиров. Маџиров на јавностa ѝ беше познат и како „Ботлмен“ / „Bottleman“, човекот кој свири на шишиња.
Препорачано
Зоран Маџиров пораснал во музичкото семејство и првото знаење за џез-тапаните ги добил од својот татко. Потоа започал да учи пијано, труби и удиралки. Заминува за Германија, каде што студиите по музика ги продолжил во Минхен и на Универзитетот во Келн. Во Европа настапувал заедно со триото „Баронс Карамазоф“, со кое реализирал два проекта: „Historical recordings“ и „Pytagora’s glasess and lute“.
Го револуционаризирал концептот на соло-перкусионист, свирејќи ги делата на класични композитори, од калибарот на Игор Стравински и на Моцарт. Со триото „Баронс Карамазоф“ настапил на Скопскиот фестивал 2000 година, каде ја воодушевил домашната публика со своето виртуозно свирење на шишиња, чаши и останати необични инструменти. На 25 август 2000 година со својот квартет настапил на кумановскиот Летен џез фестивал.
За Музичката и касетна продукција при Македонска Радио Телевизија кон крајот на 2000 година го објавува својот прв домашен компакт диск „Home“.
Маџиров во својата 25-годишна кариера има работено за светски звезди како што се Стинг, Тина Тарнер, Мајкл Џексон, Хари Бела Фонте, Тито Пуенте, „Скорпионс“ и многу други.
По седуммесечна борба со повредите од страотната сообраќајка кај Радовиш, познатиот музичар почина на 9 мај во 2017 година, на само 49 години.


