фото:ффм

Сејдини: Првата лига ќе брои 12 клубови

ФФМ не може сама да го носи товарот за целосно обновување на фудбалската инфраструктура, вели првиот човек на мак фудбалот.

На Редовното Генерално Собрание на Фудбалската федерација на Македонија во обраќањето пред присутните делегати, претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини меѓу другото ги истакна следните предизвици со кои се соочува нашиот фудбал и чекорите кои ќе се преземат во следниот период.

Свесни сме дека актуелната здравствена криза и ширењето на пандемијата на Ковид-19 предизвика нешто што никогаш не е видено во историјата на фудбалот и спортот воопшто. Загрижени сме за здравјето на фудбалерите, навивачите, фудбалските работници и сите кои се поврзани со нашата игра.

Ова е ситуација која што никој не можеше да ја предвиди, но со неа мораме заеднички да се носиме. Пристапот ни е максимално одговорен, но нималку едноставен.

Присутните делегати го усвоија финансискиот план – буџет на ФФМ

Од идната сезона, Првата лига ќе брои 12 клубови. Сметаме дека со враќањето на два големи фудбалски центри, Битола со Пелистер и Струмица со Беласица, во секое коло ќе имаме дерби натпревар, а се надевам дека и младите фудбалери добро ќе се развиваат.

Фудбалската федерација на Македонија секогаш ќе биде сервис на клубовите и целосна поддршка кога се во прашање фудбалските работи. Но, мораме да ги почитуваме пред сѐ правилата за лиценцирање и критериумите за стадионите. Искрено, се надевам дека македонскиот клупски фудбал со поддршка од ФФМ само ќе се доближува до европските стандарди. Посакуваме многу среќа и успех во Европските купови кои следуваат.

фото: ffm.mk

ФФМ е спортски лидер во нашата држава. Почитувана и транспарентна организација која се грижи за фудбалот и помага во сите Општински фудбалски Сојузи. Инвестирањето во тоа семејство за нас е клучно.

И ќе се повторувам ако кажам дека ФФМ како инстутуција не може сама да го носи товарот за целосно обновување на фудбалската инфраструктура. Ние зависиме и од општините и државата, но, ова е време кое бара ФФМ да вложува во стадионите, а тоа речиси без исклучок генерира поголеми средства во фудбалот – се зборовите на Сејдини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот