Присутните делегати го усвоија финансискиот план – буџет на ФФМ

фото: ffm.mk

Според одобрен здравствен протокол од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, Фудбалската федерација на Македонија го организираше Редовното Генерално Собрание.

Присутните делегати на Собранието на ФФМ ја потврдија одлуката на Управниот одбор на федерацијата во однос на регионалната поставеност и промена на организацијата на трети лиги и систем на натпревари. Новата регионална поставеност ќе се имплементира од сезоната 2020/2021 и вклучува поделба на пет региони со пет трети лиги кои би броеле од шест до 16 екипи.

На Редовното Генерално Собрание е усвоен извештајот за работа на претседателот и Управниот одбор на ФФМ, потоа извештаите од правните органи и лиценцни тела на ФФМ, како и извештајот од администрацијата на ФФМ за исполнување на стратегискиот план 2016-2026 за 2019 година.

Присутните делегати го усвоија ревизорскиот извештај за работата на ФФМ, завршната сметка на федерацијата и финансискиот план – буџет на Фудбалската федерација на Македонија.

Собранието на ФФМ даде согласност и го овласти Управниот одбор да утврди буџетска позиција со која ќе се финансираат инфраструктурните проекти на начин што средствата предвидени за реализација на активностите за кои Управниот одбор ќе утврди дека не се реализирале ќе бидат реалоцирани во новата буџетска позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот