Сефте за Работник на турнирот во Добој

Екипата на Еурофарм Работник ја оствари првата победа на ТВ турнирот на шампионите во Добој, откако во рамките на второто коло со 26:24 го победи домаќинот Слога.

Во првото полувреме подобра игра прикажаа домаќините и на одмор заминаа со 13:11. Во второто полувреме, играта на битолчани беше далеку подобра и предводени од голманот Благојче Трајкоски успеаја да направат пресврт и да дојдат до победата.

Најпрецизни со по пет постигнати голови беа Кузмановски  и Радовиќ, додека на голот брилјираше Трајковски кој имаше дури 21 одбранаа.
Работник во првото коло одигра нерешено 24:24 со Луцерн, утре е слободен, а во наредното 3. коло ќе се сретне со Пекинг Универзитет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот