Седумгодишно дете предизвикало пожар во трговски центар во Киев, евакуирани 200 луѓе

Седумгодишно момче предизвикало пожар во трговскиот центар „Космополитен“ во Киев, а полицијата покренала кривична постапка за делото намерно уништување односно оштетување на имот, пренесуваат регионалните медиуми.

Пожарот во игротеката на трговскиот центар во населбата Соломјан бил пријавен во саботата вечерта, а по направениот увид на местото на настанот и обработка на видеото од внатрешните надзорни камери, полицијата во соработка со службата за обезбедување на трговскиот центар утврдила дека пожарот намерно го подметнало седумгодишно момче, посетител на игротеката.

Родителите заедно со детето биле повикани во  полиција за да дадат изјава. Пожарот бил изгаснат по речиси два часа на површина од 50 метри квадратни, а од трговскиот центар биле евакуирани околу 200 лица.

Пожарот кој зафатил површина од 50 квадратни метри бил изгаснат по речиси два часа, а од трговскиот центар биле евакуирани околу 200 лица.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави дека двајца возрасни и едно осумгодишно дете се пожалиле на труење со чад.

Полицијата ги повика граѓаните да комуницираат со своите деца и да им ги објаснат правилата за ракување со огин и запаливи материјали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот