Седумгодишник случајно уби петгодишно дете во источен Кентаки

САД полиција/ Фото EPA-EFE/DAVID SWANSON

Седумгодишно дете застрела и уби петгодишно дете во дом во источен Кентаки, а прелиминарната истрага утврди дека пукањето кое се случило во понеделникот вечерта било несреќен случај.

Полицијата на Кентаки соопшти дека преземени се мерки за спасување, но на местото на настанот од страна на судскиот вештак од округот Џексон констатирана е смрт на детето. Истрагата продолжува, а засега не се соопштуваат имињата на инволвираните во инцидентот.

Оваа година имало повеќе од 150 ненамерни пукања од деца во САД, што резултирало со најмалку 58 смртни случаи и 101 повреден.

Кентаки нема закон со кој се наметнуваат казни за оние кои оставаatт огнено оружје без надзор. Меѓутоа, државата забранува „намерно, свесно или непромислено“ да му се дава пиштол на малолетно лице, освен ако малолетникот е законски овластен да поседува пиштол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот