Седумдесет и шестгодишен човек треба да се врати на училиште ако сака да му ја заменат возачката дозвола

Возачка дозвола / Архива на Слободен печат

Еден 76-годишен возач ќе мора да се врати во прва година гимназија ако сака да има возачка дозвола. Човекот има израелска возачка дозвола, но му треба и бугарска откако се вратил да живее во Бугарија од каде што и потекнува.

Тој тврди дека направил сѐ што е можно, но досега неговите напори да извади бугарска возачка дозвола се залудни.

Петар Стојчев многу години престојувал во Израел и откако се вратил во Бугарија се соочил со познатата балканска бирократија. Имено, пошол во сообраќајна полиција да си ја замени возачката дозвола, но му побарале диплома за завршено средно училиште, пишува Факти.бг. Тој им објаснил дека има завршено и средно и високо образование, но не ги чува дипломите.

Од сообраќајната полиција му објасниле дека доколку покаже дипломи, нема да има проблем да ја замени својата израелска возачка дозвола со бугарска.

Потоа, Петар Стојчев се обратил во Техничкиот универзитет во Израел, каде што дипломирал. Оттму му кажале дека не чуваат толку стара архивска граѓа. Но, добил службена белешка дека дипломирал во 1973 година.

Со таа службена белешка Стојчев повторно се обратил во сообраќајната полиција. Таму, пак, му објасниле дека мора да им покаже диплома, а не дека службената белешка не важи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот