Седум состојки во храната што треба да ги избегнувате

Фото : Архива

Обичните производи со помош на многу вештачки додатоци стануваат попривлечни по изглед и по вкус. Но, претераното консумирање такви производи може да му наштети на вашето здравје, затоа читањето и на најситните букви на декларацијата е важно, бидејќи само така можете да откриете што навистина јадете.

1. Засладувачи – голем број „здрави“ производи што се декларираат како без шеќер, во себе содржат состојка за засладување, аспартам, препознатлив по ознаката Е951, а го има и во гумите за џвакање, бонбоните, разните диетални пијалаци, па и во чоколадото. Предизвикува вртоглавици, грчеви во стомакот и замор, кои се резултат на претерано консумирање производи со оваа состојка.

2. Засилувачи на вкус – грицките, зачините, супите од ќесичка, содржат засилувач на вкус, мононатриев глутаминат, кој се крие под ознаката Е621. Оваа состојка се користи за истакнување на вкусот во јадењата, а е многу штетна, бидејќи може да влоши многубројни сериозни состојби и да предизвика дебелина.

3. Бои – природните бои со текот на времето речиси целосно се заменети со вештачките, кои се означени на производите со ознаки од Е100 до Е181. Ги има во слатките, во бисквитите, а најмногу во енергетските пијалаци со примамливи неонски бои. Предизвикуваат проблеми со кожата, причинители се на многубројни алергии, па затоа децата посебно треба да ги избегнуваат.

4. Конзерванси – состојки што првенствено служат за да се продолжи рокот на траење, а ги има во секојдневните продукти како млеко, сувомесни производи, под ознаката Е285 и Е1105. Токму тие се причината поради која со текот на времето децата развиваат хиперактивност, кожни алергии и сл. Затоа секогаш изберете свежи производи и сами гответе оброци.

5. Емулгатори – состојките што ја подобруваат текстурата на производите и ги поврзуваат сите состојки кои природно не е можно да се поврзат, ги има во многубројни готови слатки, сосови, паштети, замрзнати јадења. Тешко е да се избегнат, но затоа јадењето на овие производи треба да се сведе на минимум.

6. Антиоксиданти  – под ознаките од Е300 до Е340 ќе ги забележите вештачките антиоксиданси. Иако се истакнуваат како корисни состојки, тие немаат врска со природните антиоксиданти кои се благотворни за организмот. Природните антиоксиданти најмногу ги има во свежото овошје и во зеленчукот.

7. Згуснувачи – се користат со цел да се создаде вештачка густина, а ги има во готовите супи, во кремови под ознаките Е1404 (модифициран скроб), Е412 (гуар-гума), Е415 (ксантан-гума). Ако се консумираат во големи количини, предизвикуваат намалување на железото во крвта и алергиски реакции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот