Седум лица уапсени поради нападот со сатар кај Шарли Ебдо во Париз (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Полицијата како терористички чин го третира нападот изведен вечера во Париз во кој близу канцеларијта на старичното списание Шарли Ебдо се избодени најмалку две лица. Тоа списание исламистичките милитанти го нападнаа пред 5 години.

Полицијата објави дека поради поврзаност со нападот се уапсени вкупно седум лица.

Премиерот Жан Кастекс претходно изјави дека се избодени четири лица, но полициски извор подоцна рече дека се работи за две лица, од кои едно лице е тешко повредено.

„Бев во канцеларија. Слушнав вресоци на улица. Погледнав низ прозорец и видов жена како лежи на земја. Го видов и другиот сосед како лежи и му притрчав на помош“, изјави очевидец.

Полицијата соопшти дека едно лице е уапсено кај операта Бастиља. Радио Европа 1, повикувајќи се на полициски извори, пренесе дека е уапсен 18-годишен Пакистанец од претходно познат на службите за безбедност. Еден полициски извор изјави дека на самото место е пронајдена мачета, а други дека се работи за сатар.

Инцидентот го истражува противтерористичкиот оддел на обвинителството.

Трае судењето за напад во кој се убиени 12 лица

Во Париз на 2 септември почна судењето против 14 луѓе обвинети за учество во нападат на Шарли Ебдо во јануари 2015 година во кој се убиени 12 лица. На судот беше кажано дека мотив за нападот бил одмазда кон списанието кое објавило навредливи карикатури од пророкот Мохамед.

Полицијата претходно оваа недела го пресели шефот за човечки ресорси во Шарли Ебдо од неговиот дом откако добил закани со смрт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот