Седум компании го „меркаат“ Лукоил Нефтохим Бургас, вреден две милијарди долари
Седум кандидати се заинтересирани за купување на „Лукоил Нефтохим Бургас“. Според неофицијални информации, продажната цена што ја бара менаџментот на компанијата е околу две милијарди долари, соопшти премиерот Росен Желјазков, јави БГНЕС. Почетен интерес покажале 24 компании, кои потоа се намалија на 10 врз основа на реалните можности и меѓународната активност, а од нив конечно беа избрани седум компании, додаде премиерот.
Препорачано
Процесот на преговори се очекува да биде обновен на почетокот на февруари, со акцент на потребата од неутрализирање на еколошките штети. Прашањето беше ставено како клаузула во договорот за приватизација, во кој „Лукоил“ беше обврзан да организира чистење од загадувањето на почвата и водите во реонот на рафинеријата, а државата да обезбеди средства за финансирање на процесот. Меѓутоа, поради недостаток на средства, тоа никогаш не се случи во предвидениот обем. Премиерот прецизираше и дека државата која ја поседува златната акција на компанијата има право да го блокира донесувањето на одредени одлуки на генералното собрание, објаснува „Сега.бг.њус“.


