Фото: илустрација / архива

Од хрватските аптеки се повлекува седатив поради присуство на метални честички

Од хрватските аптеки се повлекува седатив поради можно присуство на метални честички. Нема замена. „Октал Фарма“ и „Медика“, дистрибутери на лекот Буронил 25 мг, филм-таблети (мелперон), во соработка со Агенцијата за лекови, спроведуваат повлекување на производите од серијата 747284 (пакување од 100 таблети) и од серијата 747283 (пакување од 50 таблети) од овој лек.

Повлекувањето се спроведува на ниво на аптеки, поради дефект во квалитетот поврзан со присуството на туѓи честички во правот.

Како што дознава Даница.хр., лековите се повлекуваат и на некои други пазари, како што е Австрија, бидејќи „правот што се користи за производство на таблетите може да содржи метални честички“.

Бидејќи ниту еден лек со иста активна супстанција во иста фармацевтска форма нема одобрение за ставање во промет во Република Хрватска, овој лек се купува преку вонредна увозна постапка врз основа на барање од здравствена установа или за итни случаи на лекување на индивидуален рецепт.

Буронил, со активна состојка мелперон, е антипсихотик кој се користи за лекување на нарушувања на спиењето и некои психијатриски состојби, како што се анксиозност, шизофренија, но и како помош во лекувањето на алкохолизам.

Пациентите треба да се обратат кај својот лекар или фармацевт доколку имаат какви било прашања во врска со нивната тековна терапија, истакнува Хрватската агенција за лекови и медицински помагала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот