Недовршената зграда на ФИНКИ /Фото: Слободен печат / Методи Здравев

Се знае како треба да изгледаат несудените барокни згради на ФИНКИ и ФФК, кои стојат недовршени 12 години

Решението за довршување на зградите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Факултетот за физичка култура (ФФК) во близина на Ректоратот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј (ФИНКИ), кои повеќе од десет години стојат недоградени на кампусот на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, е во „напредна фаза“, откри на денешниот брифинг со новинарите министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Уште пред една година, од Владата најавија дека ќе почнат да се доградуваат двете згради, чија изградба запре кога во стечај отиде компанијата-изведувач, „Бетон-Штип“.

Најавите од лани дека двете згради нема да се завршат со барокна фасада, како што беше првично планирано, денес ги потврди министерката Јаневска, откривајќи нов детаљ – зградите ќе бидат поврзани со мост.

Таа рече дека е формирана работна група во која учестуваат експерти од Машинскиот, Електротехничкиот, Градежниот, Архитектонскиот факултет и Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија (ИЗИИС).

„Направена е анализа и следната недела ќе биде објавен тендер за репроектирање. Кога ќе биде готов, ќе има оглас за изведувач на градежните работи“, рече министерката Јаневска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот