Култната сендвичарница „Седмица“ кај Грчката амбасада / Фото: Фејсбук

Се затвора сендвичарницата „Седмица“ кај Грчката амбасада

По речиси четири децении, се затвора добро познатата скопска сендвичарница „Седмица“ кај Грчката амбасада.

Веста се прошири преку социјалните мрежи, каде граѓани споделуваат спомени и емоции поврзани со местото што ќе остане запаметено по својот препознатлив хамбургер со помфрит и по специфичниот мајонез со кари.

„Со сите свои подеми и падови, и покрај новите „фенси“ бургери на шест спрата и поткровје, успеа да го задржи местото кај љубителите на вистинскиот хамбургер низ неколку генерации. Денес го изедов последниот хамбургер таму“, пишува еден скопјанец во објава на мрежите.

Инаку, пред една недела беше објавено дека трите локали на најпознатата скопска сендвичарница, „Седмица“, лани направиле вкупен промет од 5,3 милиони евра, а 99 проценти од него биле од продажба на готови производи. Компанијата секоја година бележи раст на приходите и на профитот.

Скопска сендвичарница лани направила промет од 5,3 милиони евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот