Се затвора паркингот покрај „Рамстор мол“, на негово место ќе се гради зграда
На просторот каде досега имаше паркинг, како што одговорија од Општина Центар за „Слободен печат“, е дозволена доградба до трговскиот центар кој има само деловна намена, при што е предвидена изградба на зграда од пет ката, плус приземје и поткровје.
Од „Рамстор мол“ денеска информираа дека се затвора паркингот покрај трговскиот центар на улицата „Свети Кирил и Методиј“ во Центар, бидејќи тој ќе се пренамени и ќе започне изградба на деловно-станбен објект кој ќе има три подземни нивоа наменети за паркирање.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
-Во согласност со планираните развојни активности на нашата компанија, Рамсторе Македонија ДОО, Ве информираме дека започнуваме со реализација на проект за изградба на нов деловно – станбен објект на паркинг просторот на Рамстор Мол кој ќе опфаќа и три подземни нивоа наменети за паркинг простор- велат од Рамстор мол.
ФОТО | По три недели уривање, речиси целосно е отстранет локалот пред „Рамстор мол“
Во соопштението наведуваат дека претстојните градежни активности воопшто нема да го блокираат влезот во трговскиот центар, ниту пак ќе влијаат на работењето на сите маркети, продавници и услужни објекти, кои ќе продолжат да работат по редовно работно време.
-Во текот на изведбата на градежните активности, пристапот до трговскиот центар ќе биде целосно овозможен и организиран согласно сите безбедносни и оперативни стандарди. Посетителите ќе можат непречено да ги користат постојните влезови на Рамстор Мол кои ќе бидат означени со соодветна пристапна и безбедносна сигнализација и регулиран пристап во зоната до и околу градилиштето. Супермаркетот Рамстор, Рамстор трговскиот центар и сите негови содржини остануваат отворени и достапни за нашите посетители и потрошувачи согласно редовното работно време- изјавија од трговскиот центар.
На просторот каде досега имаше паркинг, како што одговорија од Општина Центар за „Слободен печат“, е дозволена доградба до трговскиот центар кој има само деловна намена, при што е предвидена изградба на зграда од пет ката, плус приземје и поткровје.
– Станува збор за ДУП за Градска четврт Ц 06 – Стара железничка станица. На парцелата на Рамстор дозволена е доградба до постојниот објект со деловна намена, со катност П+5+Пк појаснија од Општина Центар.
ФОТО | По три недели уривање, речиси целосно е отстранет локалот пред „Рамстор мол“


