Работник на челик зема примерок од сурово железо во печка на германската корпорација ThyssenKrupp / фото: EPA-EFE/FRIEDMANN VOGEL

Се затвора гигант од времето на СФРЈ – 1.900 работници остануваат на улица

Железарата Зеница ги извести своите вработени дека го запира работењето на погоните и на објектите за интегрално производство на челик. Со ова, ќе се стави крај на производството на челик во поранешниот регионален гигант, основан во далечната 1892 година, објавуваат босанските медиуми.

Раководството на Железара Зеница објави дека планираното затворање на високата печка ќе се сличи во среда, а еден ден подоцна ќе следи и затворање на челичарницата.

Медиумите во БиХ наведуваат дека ова нема да има влијание само врз вработените во компанијата, туку и врз работењето на железниците на Република Српска и на Федерацијата БиХ, како и на други добавувачи.

„Со оглед на изразената неконкурентност на пазарот, компанијата повеќе не може да трпи дополнителни финансиски загуби, а управата заклучува дека продолжувањето на интегрираното производство е неодржливо и дека неговото затворање станало неизбежно“, се вели во соопштението.

Сепак, компанијата вели дека фабриката нема да биде целосно затворена., туку во наредниот период ќе се работи на воспоставување нов бизнис модел, со обид да ги зачуваат работните места во согласност со финансиските можности и законските рамки.

Сепак, компанијата соопшти дека е неизбежно да се отпуштат околу 1.900 работници.

Арцелор Митал ги затвора погоните на Коксара во Зеница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот