Фото: илустрација / ТВ Стар Штип / скриншот

Се запалила печка во фабрика во Штип

Рано утрово околу 2:30 часот се запалила печка во фабрика во штипската индустриска зона, соопшти полицијата.

Пожарот го изгаснале самите вработени, благодарение на чија брза реакција е избегната голема штета и опасност.

„На 14.05.2026 во 02:30 часот во СВР Штип било пријавено дека настанал пожар на една печка во фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона во Штип. Пожарот бил изгаснат од вработените, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Штип“, пишува во полицискиот билтен.

ВИДЕО | Возач на „Мерцедес“ прегази осумгодишно дете во Драчево

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот