Се запалил ресторан во Србија кој постои од 19 век

Ресторанот „Мала гостиона“ е основан во 19 век, а претходникот на денешната гостилница бил отворен уште во 1852 година и речиси два века е дел од туристичката понуда на Палиќ.

Пожар избувна во ресторан во Србија утринава, а ресторанот речиси целосно изгорел, објави „Данас“.

Пожарот, кој избувнал околу 5.00 часот утринава во ресторанот „Мала гостиона“ во градот Палиќ, бил локализиран два часа подоцна.

Нема повредени луѓе, а во тек е догаснување на пожаро. Во акцијата за гаснење учествувале 10 возила со 18 пожарникари.

Според сознанијата, огнот многу брзо се проширил и зафатил и околни објекти, при што е причинета голема материјална штета.

Пожар во туристички комплекс Боровец – едно лице е повредено и хоспитализирано во Софија

На местото на настанот во најкраток рок бил упатен поголем број пожарникарски екипи од централата во Суботица, како и припадници на доброволни противпожарни друштва од приградските населби, но објектот, и покрај брзата и координирана интервенција, во најголем дел изгорел.

Причината за пожарот засега не е позната, а повеќе информации се очекуваат по увидот на надлежните служби.

Ресторанот „Мала гостиона“ е основан во 19 век. Претходникот на денешната гостилница бил отворен уште во 1852 година и речиси два века е дел од туристичката понуда на Палиќ.

ВИДЕО | Голем пожар на Филипините – 1.000 куќи се целосно уништени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот