Пожар во туристички комплекс Боровец – едно лице е повредено и хоспитализирано во Софија

Пожар во трговски објект во бугарскиот туристички комплекс Боровец денеска резултираше со едно повредено лице, информира Областната дирекција на МВР во Софија, повикувајќи се на БТА.

Повредениот е пренесен на лекување во болница во Софија, каде му се констатирани изгореници на нозете.

Пријавата за пожарот била примена околу 12:30 часот, по што на терен веднаш биле испратени полициски и противпожарни екипи.

Огнот е изгаснат, а во тек се увид и активности за утврдување на причините за настанувањето на пожарот.

Од управата на туристичкиот комплекс соопштија дека вработените во трговскиот објект биле навреме евакуирани и дека нема други повредени лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот