Пожар на Филипините/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Голем пожар на Филипините – 1.000 куќи се целосно уништени

Околу 1.000 куќи се целосно уништени откако избувна пожар во станбена област во Бонгао, Филипини, вчера вечер, пренесува Галф њуз.

Според Општинската канцеларија за намалување и управување со ризици од катастрофи (MDRRMO), пожарот избувнал по 22 часот и бил ставен под контрола денеска во раните утрински часови.

Досега нема пријавени смртни случаи или повредени.

Локалните власти соопштија дека пожарот се проширил брзо поради силниот ветер.

Уништени се и неколку пешачки мостови, што ги комплицирало операциите за спасување и гаснење пожари, според gmanetwork.com.

Погодените семејства пронајдоа привремено засолниште во блиската теретана.

Властите сè уште ја истражуваат причината за пожарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот