Се забели Грција од силното невреме, град паѓа и на Халкидики (ВИДЕО)

Незапаметено невреме среде мај ја погоди Грција, а врнежи од град се забележани и на Халкидики.

Силно невреме се истури на неколку региони во Грција, носејќи грмежи, молњи и обилни врнежи. Невремето однесе најмалку еден живот, јавуваат грчките медиуми.

Обилните дождови, главно проследени со град и силен ветер, погодија поголем дел од Грција, а според метеоролозите, ќе трае до петок.

На островот Скопелос една жена настрадала од удар на гром, пренесува „Грик репортер“. Невреме јa погоди и Атина каде се слушале силни грмежи.

Драматично е и на Халкидики каде паѓа град. На регионалниот пат Полигирос – Солун возила и камиони веќе неколку часови стојат поради големото количество лед на коловозот.

Во одредени предели пејсажот изгледа како покрен со снег зошто градот ги покри патиштата и полињата. Екстремни временски услови го погодија и југот на Каламарија и Олимпија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот