фото: asmonaco.com

Се врати Пол Погба, но Монако доживеа дебакл

Рутинска победа на Рен.

Одлична партија на екипата на Рен во рамките на 13. коло од францускиот шампионат. Домашните на својот „Роажон парк“ го надиграа Монако и славеа убедливо со 4:1!

Рен поведе во 20. минута, по акција која започна од голманот, преку десната страна каде што Камара упати удар, а топката по несреќна реакција го погоди Будијал во бедрото и заврши во мрежата – 1:0. Неверојатно многу простор имаа фудбалерите на Рен, меѓу нив и стрелецот на голот.

Во 48. минута следеше 2:0 – одличен удар од околу 30 метри, голманот Храдецки ја одби топката директно на глава на Камара, кој без проблем ја погоди мрежата.

Црвениот картон за Закарија во 66. минута дополнително му ја олесни задачата на Рен, кој до крајот постигна уште два гола.

Првиот преку Емболо во 73. минута, а вториот преку Блас од пенал десет минути подоцна.

А она што многумина го чекаа – во 85. минута се случи најкоментираниот момент на социјалните мрежи: Пол Погба се врати на фудбалските терени! Влезе наместо Кулибали и одигра свој прв официјален меч по 26 месеци. Францускиот ас доби громогласен аплауз и од навивачите на Рен.

Монако успеа само да го ублажи поразот со голот на Бирета во петтата минута од судиското продолжение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот