Се вакцинираше претседателот на Сојузот на средношколци: Ме поканија и истрчав да ја примам вакцината

Денеска се вакцинираше претседателот на Сојузот на средношколци, Бленди Ходаи. Со објава на Фејсбук, активистот ги повика сите средношколци и студенти да зборуваат гласно за потребата од масовна вакцинација, затоа што само така животот ќе се врати во нормала.

– Кога има проблем мора да се делува, а не да се стои на страна. Проблемот е очигледен: многу луѓе се немаат пријавено за вакцинација, што е единствен начин да се стави крај на пандемијата. Јас се пријавив уште пред 1-2 месеци на web порталот. Ме поканија и истрчав да ја примам вакцината.

Ги повикувам сите средношколци, сите студенти, сите млади – говорете со вашите родители, роднини, баби, дедовци и соседи, објаснете им колку е важно да се вратите во школските клупи во септември, колку е важно животот да се врати во нормала. Тоа е единствено можно преку масовна вакцинација. Нека се пријават и вакцинираат. И себе ќе си го заштитат здравјето а нам ќе ни ги заштитат образованието и иднината, напиша Ходаи на Фејсбук.


Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот