Се снимаше како јаде од најлутите пиперчиња, па зажали (ВИДЕО)

принтскрин

Мексиканскиот Јутубер – Хуго Лара Ариас ја загуби кладбата па мораше да изеде две лути пиперки, а на крајот заврши во болница.

Снимката покажува како тој јаде две хабанеро пиперчиња, кои се сметаат за едни од најлутите во светот, а веднаш потоа започнал да кашла и да се гуши, а лицето му се вцрвенило.

принтскрин

Девојките кои беа со него прво му се смееа, но кога сфатија дека навистина не му е добро, веднаш повикаа итна помош.

Хуго завршил во болница, но неговата сестра Јасмин наскоро објавила дека му е подобро и дека е во стабилна состојба.

За утеха, несреќниот Хуго со ова видео освои повеќе од 680 илјади прегледи на Јутуб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот