Се „шушка“: Џони Деп и неговата адвокатка Камила се заљубени

Џони Деп и адвокатката Камила Васкез, Фото: EPA-EFE/BRENDAN SMIALOWSKI / POOL

Холивудската парница на векот – меѓу Џони Деп и неговата поранешна сопруга Амбер Херд која целиот свет будно ја следи доби неочекуван херој, адвокатка Камила Васкез. Претставничката на Деп е ѕвезда на Интернет последните пет недели, а фановите на славниот актер ја обожаваат поради нејзиниот жесток настап на суд.

Фото: EPA-EFE/BRENDAN SMIALOWSKI / POOL

Камила Васкез „убива“ со прашања и во неколку наврати ја исфрли Амбер Херд од такт. Таа е остра, директна и фокусирана, а луѓето по социјалните мрежи пишуваат дека одамна не виделе дека некој толку многу се бори за својот клиент и за правда.

Неколкуте нежни прегратки со клиентот Деп, како и нејзината колумбиска убавина го привлекоа внимание. Како резултат на тоа, многумина почнаа да се сомневаат дека Деп и Васкез станале блиски и се вљубиле за време на судењето.

Фото: EPA-EFE/KEVIN LAMARQUE / POOL

„Немам коментар за тоа“, изјави Васкез на новинарите, додавајќи дека за случајот ќе зборува по пресудата.

Која е таа?

Камила Васкез е адвокат во „Браун Рудник“. Според нејзината биографија на нивната веб-страница, таа е соработник од округот Оринџ, Калифорнија, кој работи во нивната парнична и арбитражна група.

„Нејзината сегашна практика се фокусира на тужби за клевета од страна на тужителите, со дополнително искуство во договорни спорови, деловни деликти и тужби поврзани со вработување“, се вели во биографијата.

Камил е вешта во формулирањето на офазивни и одбранбени стратегии за судски спор за приватни клиенти, велат за неа. Има искуство и во кризна комуникација. Пред да се приклучи на Браун Рудник, таа работела за национална компанија со седиште во Лос Анџелес.

Фото: EPA-EFE/BRENDAN SMIALOWSKI / POOL

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот