Се сеќавате ли на Ејден од „Сексот и градот“? Погледнете како изгледа овој шармантен актер во шестата деценија! (ФОТО)
Од почетокот на снимањето на една од најпопуларните серии на сите времиња „Сексот и градот“ поминаа 22 години, а главните актери за време на емитувањето беа на врвот на својата слава и убавина, беа во најдобрите години. Денес сите тие имаат преку 50 години и повеќето не ги поштеди времето, но еден од актерите остарел токму онака како што старее и виното, па сега изгледа подобро од било кога.
Станува збор за Ејден, згодниот, добар и шармантен избраник на Кери, за кого многу дами навиваа и се надеваа дека ќе биде конечниот избор на колумнистката. Ликот на Ејден беше игран од страна на Џон Корбет, кој веќе бил успешен актер, но оваа улога му донела светска слава и прва номинација за Златен глобус и Еми, па на некој начин ја одбележала неговата кариера.
Корбет денес има 59 години, седа коса и неколку килограми плус во однос на претходните две децении, но ништо од ова не му го намалува шармот. Токму спротивното, неговите обожавателки тврдат дека е уште позгоден и попривлечен во овие зрели години. Можеби во серијата како Ејден немаше многу среќа со Кери, но овој актер во приватниот живот живее љубовна бајка со својата колешка Бо Дерек. Парот се запознал на состанок на слепо пред 18 години, а живее заедно на ранч во Калифорнија и води мирен живот подалеку од светлата на Холивуд.
https://www.instagram.com/p/CAI8Z0GnRg4/