Се расветлува скандалот со позлатената икона што ја доби Лавров

Обвинителството на БиХ соопшти дека го отвора случајот „случај икона“ врз основа на информации од министерот за надворешни работи во Советот на министри на БиХ, Бисера Турковиќ.

„Формиран е предмет и ќе се извршат проверки“, се вели во соопштението на Обвинителството.

Уште еден дипломатски скандал на повидок по посетата на Лавров: Амбасадата на Украина бара од БиХ информации за позлатената иконата што Лавров ја доби од Додик

Известувањето не беше придружено со нотата во која Амбасадата на Украина во Сараево побара да се утврди потеклото на позлатената икона која е стара 300 години.

Обвинителството вели дека добиле информации во кои се наведува дека Министерството за надворешни работи добило нота од украинската амбасада и дека, како што се наведува, „дипломатската нота не била доставена до Обвинителството на БиХ“.

Членот на претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ остро ја коментираше аферата.

„Ако е точно дека ова е икона која потекнува од Украина и е донесена во Бања Лука за време на конфликтот во Украина, значи дека е украдена, тогаш ако сакаме да бидеме држава, некој треба да оди во затвор или да му каже на Додик од каде потекнува. И на крајот на краиштата кој му ја дал, рече Комшиќ.

Непроценливо историско богатство исчезна без трага, Интерпол ги бара украдените икони и артефакти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот