Се продаваат последните билети и за вториот концерт на Драган Мијалковски

Фото: Промо

Откако првиот концерт на Драган Мијалковски на 2 април во Националната Опера и Балет се распродаде во рекордно време, со задоволство најавуваме дека се трошат последните билети и за вториот концерт – на 3 април. Побрзајте, бидејќи трет концерт ќе нема!

Јубилејните гала-концерти на нашата музичка легенда Драган Мијалковски ќе се одржат во придружба на Големиот концертен оркестар и членови од Националниот џез оркестар во организација на Радио Бубамара.

Фото: Промо

На програмата се најпопуларните песни на Драган Мијалковски кои ќе бидат изведени во исти аранжмани како во старите добри времиња. Ексклузивно ќе бидат претставени и две песни од новиот албум, на кој Мијалковски интензивно работи.

Концертот ќе се снима за да се архивира за идните генерации, затоа подгответе се заедно да ги пееме незаборавните „Кажи ми“, „223-3О5“, „Скопје радост моја“, „Кажи нешто, драга“, „Перонот 3“ , „Моја малечка гулабице“, “Убава си како музика“, „Ти така ми доаѓаш“, „Оди си“, „Иди, иди, душо моја“, „Гитаро моја“, „Лебеди, пловете“ и други незаборавни песни, кои одамна си нашле место во домашната антологија на евергрини.

Очекуваме концертотот да биде посебен настан, време за уживање и ронка носталгија и заедничка прослава на домашната музичка култура и нашите најголеми музички вредности.

Фото: Промо
Фото: Промо

Комерцијален текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот