Се појавија фотографии и писма од детството на Анџелина Џоли: Уште сум жива и уште барам причина да живеам

Profimedia

Британскиот Дејли мејл дошол до фотографии од Анџелина Џоли од тинејџерските денови, како и до писмата и разгледниците што ги пишувала, а кои даваат сосема нова слика за славната холивудска глумица.

На фотографиите тогаш 14-годишната Анџелина е снимена како пие со пријателите, како јаде пица, спие, позира пред гробиштата…

Profimedia

Џоли во писмата на пријателите им пишувала за своите главоболки и за пијанствата, за мажите што ја привлекувале, но и за дисфункционалното семејство и нивниот однос во текот на тинејџерските години.

Непознатиот извор ги споделил фотографиите и писмата под еден услов – да остане анонимен.

Profimedia

Познато е само дека изворот и Анџелина Џоли заедно оделе во училиштето El Rodeo Middle School во Лос Анџелес.

Тој ја опишува Џоли како ексцентрична и преубава, вљубена во „темната страна на животот“. Била поприлично „дива“, пиела алкохол, пушела марихуана... Од друга страна била исклучително емпатична и дарежлива, често им позајмувала пари на пријателите и им давала на бездомниците.

Profimedia

„Беше прекрасна личност и нашето пријателство беше совршено. Луѓето не сфаќаат дека отсекогаш беше голема хуманитарка, луда и откачена, но хуманитарка. Бидејќи беше од побогато семејство за разлика од нас, секогаш делеше работи со мене и со другите пријатели и не можеше да помине покрај бездомник, а да не му понуди храна или пари. Тоа беше кога имаше 14 години.“

Изворот додава дека таа била голем бунтовник.

Profimedia

Постојано се забавувавме, пиевме, пушеме цигари… Се облекувавме во црно и се нарекувавме анархисти, не сакавме скапи автомобили и се дружевме со деца кои во училиште беа злоставувани.“

На една од разгледниците испратени на пријателите во 1989 година, Анџелина го опишала мажот кој ја привлекол.

Profimedia

Тој е фотограф и никој не знае дека ми се допаѓа. Рече дека сака да работи со мене, се надевам дека тоа и ќе се оствари зашто навистина го посакувам. Совршен е – висок, слаб, со црна коса и живее во студио! Ама, мислам дека е геј. Што да се прави…

Profimedia

Изворот открил детали и за нејзината мајка Марчелин Бертранд, која починала на 56 години од рак на дојката, а наводно на ќерка си кога имала 15 години и наредила да пие контрацептивни пилули, што на Анџелина воопшто не и се допаднало.

Profimedia

„Многу ја нервираше што мајка и и даваше контрацептивни пилули и што му забрани на нејзиното момче да спие кај неа. Енџи се побуни и го направи спротивното – воопшто не сакаше да спие со него и во шолјата ги фрли сите таблети“, рекол изворот и додал:

Profimedia

„Мајка и беше „кул“ и ни дозолуваше да правиме што сакаме. Ако сакавме да пиеме можевме во нивниот дом, таа сакаша да не има под контрола“.

Кога татко и ја изневерил нејзината мајка, Анџелина била толку бесна на него што го фрлила компјутерот што тој и го подарил низ прозорецот.

Profimedia

Уживала да се дружи и да се фотографира на гробишта, сакала да стане организаторка на погреби, па дури завршила и курс за балсамирање.

А дека не знаела што сака од животот се покажало кога на 16 години напишала:

Уште сум жива и уште барам причина да живеам“.

Profimedia
Profimedia
Profimedia
Profimedia

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот