Се подготвуваат отпуштања на работници во преработувачката индустрија поради намален обем на работа

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат недоволната странска побарувачка, недостигот на квалификувана работна сила, неизвесното економско опкружување и недоволната домашна побарувачка.

Обезбеденоста на производството со порачки во мај 2020 во однос на април 2020 година е понеповолно, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени.

Поради ваквата економска состојба во преработувачките капацитети се очекува во најскоро време да паднат одлуки за намалување на бројот на вработените во оваа индустрија, соопшти Државниот завод за статистика.

– Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во мај 2020 година изнесува 65,4 отсто од нормалното искористување, наведува Статистика.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат недоволната странска побарувачка со 21,3 отсто, недостигот на квалификувана работна сила со 18,4 проценти, неизвесното економско опкружување со 14,6 и недоволната домашна побарувачка со 12,7 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот