Се подготвува размената на летото, Пеп добива идеално засилување од Баерн

EPA-EFE/PETER POWELL

Германскиот тим е подготвен на голема жртва за да дојде до Лерој Сане.

Германскиот репрезентативец Лерој Сане не ја крие својата желба да го напушти Манчестер сити и да се пресели во Баерн Минхен.

Двете екипи преговараат уште од минатото лето за трансферот на Сане но никако не можеа да пронајдат заеднички јазик, но Баерн е одлучен по секоја цена ова лето да го ангажира германскиот репрезентативец бидејќи Фелипе Кутињо не ги оправда очекувањата и се враќа во Барселона.

Сега според медиумите во двете држави се пред договор бидејќи баварците нудат проста размена, Сане во замена за Лукас Ернандез.

Лукас кој беше платен 80 милиони евра не ги оправда очекувањата, а Баерн
веќе има идеална замена за него во младиот Канаѓанец Алфонсо Дејвис кој буквално експлодира сезоната.

Од друга страна на менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, очајно му е потребен бек и Ернандез би бил идеален во неговите тактички замисли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот