Се огласија и други поранешни соработници на Лизо: Работата со неа беше кошмар

Фото: EPA-EFE/Helle Arensbak DENMARK OUT

Откако три танчерки ја обвинија пејачката Лизо за сексуална злоупотреба и дека едната ја отпуштила поради дебелината, уште неколку поранешни соработници на пејачката се огласија за да ги потврдат наводите на танчерите.

Кортни Холинкест, која танцувала со Лизо од 2016 до 2021 година, објави на својот Инстаграм: „Ова беше и мое искуство кога танцував со неа. Голема чест за танчерите кои имаа храброст да го изнесат ова на виделина“.

Квин Вилсон, поранешниот креативен директор на Лизо, исто така ја сподели приказната, велејќи: „Не сум бил дел од тој свет околу три години, со причина. Навистина ја поздравувам храброста на танчерите да го изнесат ова. И јас жалам за моето искуство“.

Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Режисерката Софија Нали Алисон вели дека ја напуштила работата на документарниот филм „Lizzo“ по две недели во 2019 година.

“Имаше толку многу непочитување. Сведочев колку е арогантна, егоцентрична и нељубезна. Ме полуде и длабоко ме повреди, но јас оздравев. Читајќи ги овие извстувања, сфатив колку тоа беше опасно”, рекла таа.

Асистентката на камера која работела на проектот, Шарлин Санчез, ја сподели приказната на режисерката.

„Сето ова е точно. Морав тоа да им го раскажам на многу мои пријатели. Беше толку мал тим и искуството од работата со Лизо беше кошмар“, рече таа.

Танчарки ја тужат Лизо за сексуално вознемирување, едната од нив ја нарекла „дебела“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот