Се огласи Жан-Клод ван Дам: Обвинувањата за сексуални односи со жртви на трговија со луѓе се гротескни и неосновани
Белгискиот актер Жан-Клод Ван Дам (64) неодамна беше обвинет за сексуални односи со пет жени од Романија, кои наводно му биле „дадени“ од криминална организација што се занимава со трговија со луѓе. Но, сега се огласи агентот на Ван Дам, Патрик Гоавец и ги негираше овие обвинувања.
Препорачано
„Дојдовме до сознанија за написи во кои се споменува наводна афера во Кан во која е вклучен г-дин Жан-Клод Ван Дам. Објавените тврдења се гротескни и неосновани“, изјавил Гоавек за списанието „Пипл“.
„Господинот Ван Дам не сака да ги коментира овие гласини, кои се исто толку апсурдни колку што се и неосновани“, додаде тој.
Да потсетиме, Жан-Клод ван Дам се соочи со сериозни обвиненија во Романија, каде што против него беше поднесена кривична пријава. Според романската Дирекција за истражување на организиран криминал и тероризам, актерот наводно имал сексуални односи со жени кои биле жртви на трговија со луѓе. Сето тоа наводно се случило во Кан, а во тужбата се наведува дека актерот знаел за „потеклото“ на дотичните жени. Инцидентот наводно е дел од поголема истрага за трговија со луѓе што започна во 2020 година во Романија.


