Се огласи постариот син на Ен Хеч: Ни остана длабока тага, почивај во мир, мамо

Фото: Принтскрин - Инстаграм

По тажната вест дека почина актерката Ен Хеч, се огласи нејзиниот постар син Хомер.

„Мојот брат Атлас и јас ја загубивме нашата мајка. По шест дена речиси неверојатни емоционални промени, останавме во длабока тага и без зборови. Се надевам дека мајка ми ќе биде ослободена од болката и ќе почне да го истражува она што сакам да го замислувам како вечна слобода. Во текот на тие шест дена, илјадници пријатели, семејството и обожавателите ми кажаа дека се тука за мене. Благодарен сум за нивната љубов, како и за поддршката на мојот татко, Коли и мојата маќеа Алекса, кои продолжуваат да ме поддржуваат во овие моменти Почивај во мир,  мамо те сакам“, изјавил Хомер, пренесува „People“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @homerheche

Да потсетиме, во петокот Ен доживеа тешка сообраќајна несреќа кога со својот автомобил удри во гаража на куќа во Лос Анџелес.

Автомобилот на актерката потоа се запалил, а Ен во критична состојба со страшни изгореници била пренесена во болница.

По тешката сообраќајка Ен Хеч падна во кома и се бори за живот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот