Се огласи американскиот пејач откако беше обвинет за убиство на тинејџерка
Американскиот пејач Ди фор ви ди (D4vd), чие вистинско име е Дејвид Ентони Бурк, се изјасни за невин по обвиненијата за убиство од прв степен за смртта на тинејџерка која исчезна минатата година.
Препорачано
Ѕвездата во подем е обвинета за убиство на 14-годишната Селест Ривас Хернандез, чии распаднати останки беа пронајдени во септември во Тесла регистрирана на неговата адреса во Тексас, пренесува Би-би-си.
21-годишниот Бурк се појави на суд во понеделник за првпат по неговото апсење минатата недела, но не се изјасни лично за вината. Неговите адвокати се изјаснија во негово име. Судницата во Лос Анџелес беше напната пред сослушувањето, по месеци шпекулации за случајот.
Имаше тишина кога родителите на убиеното девојче влегоа, а потоа сите очи беа насочени кон вратата низ која Бурк, едвај видлив за публиката, беше внесен.
Неговиот правен тим ги повтори изјавите дадени по неговото апсење, нагласувајќи дека веруваат дека „вистинските докази ќе покажат дека Дејвид не ја убил Селест“ и дека тој не е одговорен за нејзината смрт.
– Енергично ќе ја браниме невиноста на Дејвид – изјавиле адвокатите Блер Берк, Мерилин Беднарски и Реџина Питер за Би-би-си во соопштение.
Тимот на Бурк побара јавно сослушување по месеци сослушувања зад затворени врати со голема порота. Судот, исто така, му наложи на мртовечникот да го објави извештајот за смртта на тинејџерката, чие објавување властите претходно беше забрането од властите, што е редок потег.
Во изјава за Си-би- ес, американскиот медиумски партнер на Би-би-си, семејството Ривас Хернандез изјави дека се „посветени на обезбедување гласот на Селест да се чуе и нејзиниот спомен да се почитува во текот на овој процес“.
Окружниот обвинител на округот Лос Анџелес, Натан Хочман, даде детали за случајот на прес-конференција во понеделник. Тој рече дека Ривас Хернандез отишла во домот на Бурк во Холивуд Хилс на 23 април 2025 година и „никогаш повеќе не била видена“. Нејзините распарчени и распаднати останки биле пронајдени на 8 септември 2025 година, во багажникот на автомобилот „тесла“ регистриран на Бурк, наведуваат судските документи. Кога властите ја отстраниле торбата, внатре пронашле отсечени раце и нозе.
Американски пејач е уапсен под сомнение за убиство на тинејџерка која исчезна во 2024 година


