Глумците пејат - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Фото: „Слободен печат“/Методи Здравев

Се огласи бремената актерка која настапи со откриен стомак на „Глумците пеат“: Не знаев дека толку луѓе ќе вознемири бремена жена што пее

Актерката Емилија Мицевска која е бремена се огласи по реакциите по нејзиниот настап на манифестацијата „Глумците пеат“ каде што настапи со откриен стомак.

Таа беше една од највпечатливите појави на овогодинешното издание на култната манифестација. Сепак, нејзиниот настап, освен со аплаузи во Македонскиот народен театар, во дел од јавноста беше пречекан и со поделени реакции поради нејзиниот изглед на сцената во поодмината бременост.

Глумците пејат - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Фото: „Слободен печат“/Методи Здравев

Мицевска се појави во храбра креација која го истакна нејзиниот труднички стомак, славејќи ја женственоста и новиот живот додека ја забавуваше публиката. По бројните коментари на социјалните мрежи, актерката реши да се огласи преку својот инстаграм- профил и сподели видео од нејзиниот настап од естрадниот магазин „Бекстејџ“.

„Не знаев дека толку луѓе ќе ги вознемири бремена жена што пее. Јас сум тука да создавам, а не да се вклопувам. Повеќе љубов за вас луѓенца“, напиша таа под објавата.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Манифестацијата „Глумците пеат“ уште еднаш докажа дека е место каде слободата на изразување е во прв план, а Мицевска дефинитивно остави печат кој долго ќе се памети.

Во одбрана на Емилија застана професорката по македонски јазик Татјана Алексиќ која напиша статус на Фејсбук.

„Гледам убава, благословена жена, талентирана и за глумење и за пеење, со солидна интерпретација на ‘Галебе мој тажен’, среќна со својот гол труднички стомак, каде носи среќно бебе.

Гледам театралност, авангарден вкус за сценски настап и естетика, гледам и слушам уметница.

Не гледам ништо вулгарно ниту предизвикувачки за навредливи коментари.

Коментарите се вулгарни, а не она!

Бремена жена, патем актерка и гола да излезе на сцена останува бремена жена.

Воздржете се и остајте ја на раат да се радува, да се гордее со голото стомаче, нејзино е. Нејзини се и сцената и настапот. Изборот е ваш, кому ќе аплаудирате, но не е ваше и наше да судиме за релативно смел сценски настап.

Храброста нека ја следи цел живот, да ни е жива и здрава, очекуваме распеано бебе“, напиша професорката Алексиќ.

ФОТО+ВИДЕО | Две незаборавни вечери со македонски рефрени, страст и емоции — кога Глумците пеат, Скопје ја слави уметноста

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот