Се обновува водоводната мрежа на улицата Лисец во Аеродром
Завршува втората фаза од реконструкција на водоводната мрежа на улицата Лисец во Аеродром, со која се врши двојно зголемување на досега незадоволителниот профил на водоводните цевки, со цел обезбедување на квалитетно и континуирано водоснабдување за жителите во тој дел од општината.
Препорачано
Скопското ЈП „Водовод и канализација“, како што информира градоначалничката Данела Арсовска, континуирано реализира проекти за решавање на повеќедецениските проблеми со честите прекини поради застареноста на системот, намалување на загубите на вода и трошоците за поправките на дефектите на водоводната мрежа.
Со реализација на овој проект за обнова на водоводната мрежа, се решава уште еден долгогодишен проблем каде досега поради дотрајаност и несоодветност, имаше појава на дефекти на старата водоводна мрежа и чести прекини во водоснабдувањето. Изведбата на оваа реконструкција претставува реализација на уште еден од проектите од програмата за обновување и подобрување на градската водоводна мрежа, објави Арсовска на Фејсбук.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
5час
-
6час
-
6час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


