Се мислите што да зготвите за ручек? Наша препорака – аргентински ќебапчиња

Состојки:

350 грама мелено јунешко месо
300 грама компир
2 јајца
сол
црн бибер
малку сода-бикарбона
1 главица кромид
5 чешниња лук
1 лажица црвен пипер
1 лажица лут буковец
4 лажици брашно
100 грама презла
2 лажици кисела павлака
малку магдонос
масло за јадење
сок од еден лимон

Подготовка:

Убаво исчистете ги компирите, излупете ги и ставете ги да се варат. Кога целосно ќе омекнат, испасирајте ги и во нив додајте го меленото месо. Со рацете убаво изгмечете ги двете состојки. Во смесата додајте две жолчки од јајца, сол, црн бибер како и малку сода-бикарбона. Потоа, ситно исечкајте ги лукот и кромидот и додајте ги во смесата. Зачинете со сите потребни зачини, вклучувајќи го тука и ситно исечканиот свеж магдонос и убаво целата смеса измесете ја со рацете.

Откако ќе завршите со постапката, добиената смеса, оставете ја да отстои во фрижидер околу три часа за сите состојки убаво да се соединат.

Откако ќе помине потребното време, извадете ја смесата од фрижидер и обликувајте ја во форма на ќебапи. Доколку сакате, ќебапите можете да ги набоцкате на стапчиња за реженчиња.

Секое ќебапче извалкајте го во брашно, а потоа во изматени белки и на крај во презла. Пржете ги во зовриено масло.

Откако ќебапите ќе бидат испржени оставете ги да се изладат. На крај консумирајте ги со павлака во која ќе додадете малку лук или сенф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот