Се излеа Треска во Порече, оштетени се повеќе патишта

Фото: илустрација

По силните и долготрајни врнежи од дожд, реката Треска се излеа денеска во поречките села Лисичани, Вранештица и Пласница, а во текот на денот се излеа и кај Македонски Брод од Пешна до селото Девич.

– Треска по вчерашните интензивни врнежи од дожд, се излеа од своето корито во текот на попладнето кај Македонски Брод. Поплави поголеми површини ниви и ливади од мотелот Пешна до село Девич, каде се полавени повеќе десетици хектари плодно земјиште, вели Далибор Мисајлески, жител на Македонски Брод, кој додава дека поројните дождови тешко го оштетиле патот до Рамне.

Силните врнежи од дожд покрај излевањето на Треска, ги оштетија и патиштата до повеќе села во Поречијата.

-Патот до село Рамне, кој нема асфалт, од силните буици вода е тешко оштетен и со моторно возило е невозможно да се стаса до селото, додаде Мисајлески.

Во Македонски Брод, Треска порасна до висината на мостот, каде што се мери нејзиното ниво.

Видео на денот