Се исплати да бидеш најскап -„Белград на вода“ ќе подели 10 милиони евра дивиденда

Компанијата Белград на вода денеска соопшти дека од добивката во 2022 година ќе исплати дивиденда во вредност од 10 милиони евра во износ од 56,4 милиони евра. Дел од дивидендите ќе бидат уплатени во буџетот на Србија, но не се прецизира износот, додека останатиот дел од нето добивката ќе биде вложен во натамошниот развој на станбено-деловниот комплекс за изградба на проектот „Белград на вода“. Во соопштението се посочува дека минатата година, во која приходите биле 269,6 милиони евра, била „најуспешна во досегашното работење на компанијата“ чии сопственици се државата Србија со удел од 32 отсто и компанијата Белград Вотерфронт Капитал Инвестмент од Обединетите Арапски Емирати, кои имаат 68 отсто од сопственоста, објави Нова рс. Компанијата „Белград на вода“ во 2021 година имала приходи од 185 милиони евра и нето добивка од 29,5 милиони евра, врз основа на кои биле исплатени дивиденди во вредност од 10 милиони евра, а третина од таа сума била уплатена во државниот буџет. Проектот „Белград на вода“ е еден од најконтроверзните во поновата историја на главниот град.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот