Се чека обвинението за Мирослав Мика Алексиќ: Oсум силувања и единаесет случаи на сексуално вознемирување

мирослав мика алексиќ
Фото: Принтскрин / Инстаграм

Адвокатот Југослав Тинтор потврди дека Вишото јавно обвинителство во Белград треба да покрене обвинение до крајот на неделава против наставникот по глума Мирослав Мика Алексиќ, кој е обвинет за неколку силувања и незаконски сексуални дејствија против неколку девојчиња, вклучувајќи ги и актерките Милена Радуловиќ и Ива Илинчиќ .

Собрани се доволно докази и очекувам обвинението да биде издадено до крајот на неделава, но немам информација за кој ден ќе биде. Гледаме дека крајот на истрагата и логичен следен чекор е да се покрене обвинение. Тогаш сме во следната фаза – вели адвокатот на злоставените девојки, Југослав Тинтор.

Обвинението треба да биде доставено до судот до петок, по што Високиот суд ќе донесе одлука дали ќе биде потврдено или вратено на дополнување. Доколку биде потврдено, судот треба да закаже подготвително рочиште и главно судење.

Мислам дека обвинението нема да биде вратено на дополнување, бидејќи доказите се доволно силни за постапката да започне пред судот. После тоа, одбраната има право на жалба. Апелациониот суд ќе утврди дали жалбата ќе биде одбиена како неоснована и после тоа ќе стане потврдена или конечна, рече Тинтор за „Мондо“.


Иако беше напишано дека судот, имајќи ја предвид чувствителноста на случајот, може да донесе одлука на барање на еден од учесниците во постапката за исклучување на јавноста од судењето, тоа нема да се случи засега.

Засега, јавноста е вклучена и главниот претрес е јавно, освен ако судот не донесе поинаква одлука. Не барав јавноста да биде исклучена од судењето и не знам дали ќе има основа за такво нешто, вели адвокатот Тинтор.

Не е познато дали само малолетните лица или сите девојки ќе добијат статус на особено чувствителни сведоци, што ќе им овозможи да сведочат од друга просторија, за да не останат во иста просторија со обвинетиот.


Побаравме малолетните лица да добијат статус на заштитен сведок во постапката. Тие се единствените кои засега имаат таква позиција, додека ние не ја побаравме и за другите девојки, со оглед на тоа што некои од нив веќе зборуваа за случајот во јавноста. Едноставо, ќе видиме како ќе се развива ситуацијата, заклучува адвокатот.

Да потсетиме, наставникот по глума Мирослав Алексиќ мораше да се соочи со 19 кривични дела, извршени против девет девојчиња. Станува збор за обвинение за осум силувања и 11 случаи на сексуално вознемирување.


Адвокатот Тинтор потврди дека биле испитани вкупно девет девојки, додека за две девојки се покажало дека процесот е застарен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот