СДСМ поднесува законски измени за продолжување на важноста на возачките дозволи

Возачки дозволи/ Фото: МИА

Пратеничката група на СДСМ ќе поднесе предлог за законски измени со кои возачките дозволи, сообраќајните дозволи, осигурителните полиси и сообраќајните книшки ќе им биде продолжена важноста, изјави денеска пратеникот од владејачката коалиција Дарко Каевски.

„Со измени на законите, граѓаните и понатаму да може да ги користат на територијата на државата. Во меѓувреме, граѓаните не смее да се казнуваат, никој не смее да биде казнет за учество во сообраќајот. Ова е соодветно решение, возачките се за домашна употреба и мора да важат и понатаму. За овие законски решенија очекуваме поддршка од сите пратенички групи во македонското Собрание“, информираат од СДСМ.

И техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски вчера најави измени на Законот за изменување и дополнување на законот за патните исправи и Законот за безбедност во сообраќајот и рече оти измените ќе бидат итно доставени до Владата.

Заклучно со Законот за патни исправи кој е на сила, од утре пасошите кои се со старото име нема да важат. Согласно законот за безбедност во сообраќајот, од утре нема да важат ни возачките дозволи кои се со старото име Република Македонија, ниту за внатрешна, ниту за надворешна употреба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот