СДСМ: Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се уште е под палка на бегалецот од Будимпешта

Бадијала ВМРО-ДПМНЕ се пребојува со сите можни бои, во суштина, тоа е партија заробена во режимот, партија која работи на штета на интересите на граѓаните и државата.

Мицкоски може да ископира уште слогани од СДСМ, да се расфрла со флоскули, но во реалност тој е единствениот кој е на браникот на криминалот, обичен поттрчко на бегалецот во Будимпешта.

Наводната нова стратегија на ВМРО-ДПМНЕ е само фасада, и тоа од оние барокни со гипс картон, а во внатрешноста таа е шуплива и веќе видена.

Не може Мицкоски да донесе никакви реформи ниту во сопствената партија, а не пак во државата.

Покрај денешните блефирања, Мицкоски може да измислува уште сто различни методи за храбрење на сопствено членство, но во реалноста јавноста гледа отсуство на подготвеност за сериозна внатрешна реформа во ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски ги гледа денешните анкети и се поти, знае дека не е до боите и слоганите, кога нема никакви политики кои се во интерес на граѓаните и државата.

Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се постојано поразувани од граѓаните и ќе бидат поразени и одново, затоа што освен за лаги, за деструкции и блокади, не знаат за ништо друго.

Центар за комуникации со јавност на СДСМ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот