СДСМ Карпош му порача на Стефан Богоев: Другар, со тебе сме!
Денеска се китевте со неговите проекти за покриениот базен во салата Партизан во Карпош, а сега го напаѓате, се наведува во партиската реакција со оценка дека станува збор за политички мотивиран притисок врз опозицијата и обид за пренасочување на вниманието од актуелните проблеми во Општина Карпош.
Општинската организација на СДСМ Карпош јавно застана во одбрана на поранешниот градоначалник на општината и поранешен директор на Царинската управа, Стефан Богоев, откако неофицијално, медиумите беа брифирани дека тој е еден од приведените во денешната акција што ја спроведуваат Управата за финансиска полиција и Обвинителството поради сомнеж дека е учесник во коруптивниот тендер.
Препорачано
Во партиската реакција се наведува дека станува збор за политички мотивиран притисок врз опозицијата и обид за пренасочување на вниманието од актуелните проблеми во Општина Карпош.
„Борба со опозиција не се прави на кукавички начин од страна на моќ“, порачаа од СДСМ Карпош.
Оттаму потсетуваат дека актуелната локална власт во Карпош се промовирала со проекти започнати во мандатот на Богоев, посочувајќи го покриениот базен во салата „Партизан“.
„Денеска се фалевте со проектот на Стефан Богоев за покриениот базен во салата Партизан во Карпош, се китевте со неговите перја“, наведуваат од општинската организација.
Во соопштението се оценува дека актуелното раководство на општината не успева да ги реализира ветувањата дадени пред граѓаните.
„Во немоќ да се справите со ветените обврски со кои дојдовте на власт во Карпош, за кои секој ден сте сѐ поголемо разочарување на вашето членство, како и на карпошани, сакате со замајување на јавноста да го покриете срамот за повлекувањето на градоначалникот“, се наведува во реакцијата.
Од СДСМ Карпош упатија порака до политичките противници дека политичката битка треба да се води ферски, а не силеџиски, додавајќи дека граѓаните на Карпош нема да дозволат да бидат потценети.
„Стефан Богоев, другар со тебе сме“, порачаа од СДСМ Карпош.
Бесплатни часови по пливање за сите ученици до трето одделение во новиот базен во Карпош


