СДСМ ја пријави ВМРО-ДПМНЕ во ДИК и ОБСЕ за изборни нерегуларности и притисоци
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, информира дека како партија до Државната изборна комисија (ДИК) и до набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР доставиле пријави за изборни притисоци и нерегуларности од страна на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Филипче ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за притисоци и закани по работните места на гласачите, особено, како што рече, на членовите и симпатизерите на СДСМ.
Препорачано
„Понатаму – поткуп и обиди за поткуп, дури и на самите гласачки места. Дополнително, компании биле принудувани да присуствуваат на одредени настани. Сметам дека тоа не е во духот на деморкатијата. Сите овие забелешки ги доставивме и до ДИК и до набљудувачката мисија на ОБСЕ“, изјави Филипче одговарајќи на новинарски прашања по посетата на крушевското село Јакреново.
Тој рече дека за разлика од ВМРО-ДПМНЕ и власта, СДСМ водел „чесна и искрена“ кампања.
„Имаме многу позитивна кампања. Имаме добри програми, нашите градоначалници практично имаат помеѓу 90 и 100 проценти реализација на своите проекти за разлика од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ кои немаат реализирано ниту 20 проценти од проектите“, рече Филипче.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
7час
-
8час
-
9час
-
10час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


