СДСМ партиска зграда / фото: Слободен печат/ Драган Митрески

СДСМ ги откажа состаноците на партиските тела на кои требаше да се расправа за оставката на Заев

Поради страшната сообраќајна несреќа во Бугарија, СДСМ ги откажа состаноците на Централниот и на Извршниот одбор на кои вечерва требаше да се разгледува оставката на Зоран Заев од претседателската функција во партијата, потврди за „Слободен печат“ генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски.

Заев по средбата со лидерот на Алтернатива Африм Гаши минатиот петок изјави дека во вторник ќе ја активира оставката на претседателското место во СДСМ. Тој тогаш рече цека ќе побара од органите и телата на партијата да биде свикан Централниот и Извршниот одбор за да се констатира неговата оставка и веднаш да почне постапката за избор на нов претседател на партијата.

ФОТО+ВИДЕО | НА ЕДНО МЕСТО: Сите информации за тешката сообраќајна несреќа во Бугарија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот