СДСМ: Дурловски по третпат избега од дебата со Шекеринска

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 5 Игор Дурловски денес по третпат избега од телевизиско соочување со носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме” во ИЕ 5 Радмила Шекеринска, наведуваат во соопштение од владејачката партија СДСМ.

-Со тоа Дурловски покажа дека се плаши од дебата со носителката од СДСМ Радмила Шекеринска. Можеби на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Дурловски му е полесно да ги искажува своите ставови во толпа и да хушка кон насилно влегување во Собранието и физички напад врз Шекеринска отколку да застанат лице в лице и да ги спротивстават своите ставови- стои во соопштението.

Бегството од соочување, потенцираат оттаму, е потценување на граѓаните од Битола, Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Крушево и другите општини во ИЕ 5 кои Дурловски сака да ги претставува.

-Со откажувањето на учество во дебати Дурловски покажува и како ја сфаќа демократијата и односот кон граѓаните и медиумите. Тоа е истото ВМРО-ДПМНЕ кое може да ги обнови само стравот, насилството и медиумскиот молк- велат оттаму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот