Савевски: Изгоревме на претходните натпревари, ја преземам вината и одговорноста за поразот од Германија

Селекторот на женската ракометна кадетска репрезентација, Љубомир Савевски/фото: РФМ

Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија до 18 година, Љубомир Савевски, ја презеде вината за денешниот пораз од Германија од 34:21 на Светското првенство што се игра во Скопје.

Ракометарките по поразот од Исланд во петокот, денеска не го пружија максимумот, а и заморот од претходните натпревари си го направи своето и избраничките на Савевски утре ќе играат против Хрватска за 11 позиција на СП.

– Јас ја преземам вината и одговорноста за денешниот пораз и начинот на кој ја одигравме оваа средба. Изгоревме на претходните натпревари, премногу се истрошивме и денеска не бевме на потребното ниво. Премногу го посакувавме пласманот во четвртфинлето и игравме само на таа карта. Ризикував, малку играчи го носеа товарот, но тоа беше цената што бев спремен да ја платам за пласман во четвртфиналето. Штета, не успеавме. Истрошивме премногу сила и енергија за тој пласман и денеска тоа ни се одрази во играта – изјави Савевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот