Савевски го објави списокот на ракометарки за двата натпревари против Турција

Фото: РФМ

Селекторот на сениорската женска репрезентација на Македонија, Љубомир Савевски го објави списокот на повикани ракометарки за собир и настап на претстојната ЕХФ недела.

Во рамки на ЕХФ неделата сениорките ќе одиграат две контролни средби против селекцијата на Турција во Анкара, натпреварите се предвидени да се одиграат на 02.03 и 04.03.2023 година.

Поради повреда на списокот не се Симона Маџовска и Елена Ѓоргиевска, а од составот кој играше на Европското првенство недостасуваат уште: Матеа Чурлиновска, Марија Јовановска, Емилијана Ризоска, Анастасија Николовска, Ива Божиновска и Леонида Гичевска.

Фото: РФМ

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот